Македонија

Бугарски весник тврди – Данска и Холандија го поддржуваат ветото на Софија

Данска и Холандија се двете земји кои се приклучија кон бугарското вето за Северна Македонија, изјави дипломатски извор за бугарскиот весник „24 часа“.

Изворот на весникот тврди дека и да нема спорни прашања за Македонија, постои големо неодобрување за преговарачката рамка за Албанија.

Пред два дена Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, побара од Северна Македонија да вложи напори за изнаоѓање на решение со Бугарија.

На почеток