Видео и Фото

(ВИДЕО) Деца со молба: „Сакам само лаптоп за да учам“, Димитриевски – компјутери обезбедивме

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски објави дека со лични средства од вработени од општината набавивме два лап топ компјутери кои викендов ќе се инсталираат со потребен софтвер и во понеделник ќе бидат врачени на семејството чии деца сведоаче дека немаат средства како да ја следат онлајн наставата во документарен филм кој го објави Види вака. Средношколецот Мите Драгишевски и неговата сестра катерина Драгишевска побараа наивно само да користат лаптоп па дури и да ги вратат кога ќе немаат потреба од нив.

„Со лични средства од вработени од општината набавивме два лап топ компјутери кои викендов ќе се инсталираат со потребен софтвер и во понеделник ќе бидат врачени на семејството, воедно ќе се обидеме да им обезбедиме и интернет мрежа во зависност од техничката можност на оператерите.
– Дополнително Општина Куманово отвори постапка за набавка на таблети во износ од 2.500.000 (средства пренаменети од новогодишно украсување на градот) и оваа опрема штом ќе биде набавена ќе се дистрибуира до основните и средните училишта во Куманово а е наменета за учениците од социјално загрозените семејства“, напиша градоначалникот Димитриевски на ФБ.

 

На почеток