fbpx
сре. Јан 20th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ФОТО и ВИДЕО) Приведени лица, се расчистува случајот со украдената марихуана од Јосифово

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот и денешниот ден (7 и 8 12.2020) по добиени оперативни сознанија, а во координација со јавното обвинителство, презема мерки и активности за расчистување на кривичното дело разбојништво извршено ноќта 3/4 12.2020 во склад на правно лице лоциран во с.Јосифово, општина Валандово, при што се одземени близу два тони марихуана, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

„По добиената пријава, преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и по добиени сознанија извршени се низа претреси во Арачиново, Горно Мојанци, Скопје, како и други локации, при што е пронајден дел од дрогата, како и други предмети поврзани со кривичното дело, а приведени се и дел од осомничените. За случајот до сега се осомничени шест лица и за нив се обезбедени докази. Истрагата продолжува и се проширува. Во координација со обвинителството од Гевгелија, преземаме дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, рече Ангеловски.