Свет

И тоа се случи, за прв пат во историјата на американската берза се тргува со вода

За прв пат во историјата на американската берза се тргува со вода, објави Блумберг.

Со помош на берзата ќе може да се заштитат големите потрошувачи на вода, како што се земјоделците, како и електричната индустрија, од флуктуации на цените.

Климатските промени, сушата и растот на населението веројатно ќе направат недостиг на вода и цените на водата сериозни предизвици во следните години.

Две милијарди луѓе во моментов живеат во земји каде има недостиг на вода за пиење, а за четири години скоро две третини од светот може да се соочат со овој проблем.

 

На почеток