Македонија

Села ќе ја поддржи интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ за Никола Димитров

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села синќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека ќе ја поддржат секоја иницијатива за интерпелација.

– Ненормално е да не гласам за интерпелација покрената од опозициска партија. Ние сме опозициска партија и би требало да ја поддржиме секоја иницијатива за интерпелација – изјави Села.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесе во Собранието барање за интерпелација за вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров со образложение дека го игнорирал Парламентот.

На почеток