Македонија

Заев од Маркова Нога: Санирањето на свлечиштето кај Маркова Нога носи безбедност за граѓаните од Преспанскиот регион

Премиерот Заев заедно со градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски при работната посета во Преспанскиот регион извршија увид во санацијата на свлечиштето на регионалниот пат од Макази до Маркова Нога.

При увидот, градоначалникот Гошаревски укажа дека градежните работи не се запрени и во вонредните услови како пандемијата или летните избори. Според Гошаревски, интензивните градежни активности на свлечиштето овозможуваат безбедност за жителите на Преспанскиот регион, но и за сите граѓани кои возат по овој пат. А покрај безбедноста, оваа конкретна точка на патот е клучна бидејќи овозможува услови за отворање на граничниот премин Маркова Нога.

Ова свлечиште се појавува во 2018 година и на неговата санација и претходеа консултации со професори од градежен факултет кои подготвија анализа и проект за долгорочно решавање на проблемот. Проектот опфаќа растерување и олеснување на земјиштето, изработка на насип и изработка на потпорен ѕид. После завршување на градежните активности, следува фаза на пошумување и зазеленување на просторот. Средствата за санацијата се обезбедени преку програмата за прекугранична соработка.

На почеток