Актуелно

Кошаркарите на „Ангели“ од Кисела Вода уште еднаш покажаа дека се најдобри

Кошаркарите на „Ангели“ од Кисела Вода со последниот одигран натпревар на домашен терен уште еднаш покажаа дека се најдобри во втората лига. Тие и по седум одиграни натпревари останаа единствените непобедливи во лигата.
Изминатиот викенд, во спортската сала „Независна Македонија“, во рамки на деветтото коло, КК „Ангели“ убедливо со резултат 115-58 ја победи екипата на „Ролинг 08“ од Струмица.

Со оваа победа, кошаркарите на „Ангели“ со 14 бодови се зацврстија на лидерското место во групата Исток.

За „Ангели“ на натпреварот најмногу поени постигнаа Симеон Митров 23, Теодор Милевски 20 и Ангел Кечовски 15. Заслужни за големата победа се и Блажо Митков 11, Давид Тодоровски 9, Ангел Јанев 7, Милорад Миновски 6, Миле Станимировиќ 6, Константин Мартиноски 5 и Стефан Милевски 4 поени.

На почеток