Свет

3,5 милиони долари казна за Њу Делхи поради загадување на воздухот

Индиската агенција за животна средина му изрече казна од 3,5 милиони долари на градот Њу Делхи поради тоа што не ги спроведува прописите за намалување на загадувањето на воздухот, објавија официјалните претставници денеска.
Главниот град на Индија е меѓу најголемите градови во светот со најголема концентрација на смог.
Секоја зима, главниот град е покриен со густа магла со концентрација на штетни честички што ја надминува границата повеќе од 30 пати. Се проценува дека секоја година 1,1 милион Индијци прерано умираат поради загадувањето на воздухот.
Веб-страницата на Американската амбасада објави дека денес концентрацијата на честичките во воздухот е 290 – речиси 12 пати поголема од границата што е обележана од Светската здравствена организација како безбедна.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток