Македонија

Експертски состанок на земјите од регионот, се дискутира за проблемите во Дримскиот басен

Од денес во Атина, се одржува работен состанок на експерти од Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Грција, се дискутура за проблемите во Дримскиот басен. Експертите анализираат за причинско последичните врски на проблемите во Дримскиот басен и суб басените на езерата Охридско, Преспанско и Скадарско.

„Целата анализа е контрибуција во изработката на Стратешкиот Акционен План за сливот на реката Дрим, што ќе биде документ кој државите ќе го преговараат во контекст на приоритетите за заштите и управување на целиот слив но и неговите под-сливови“, истакна националниот координатор на проектот, Дејан Пановски.

Исто така ќе се утврдуваат причините за нарушувањето на квалиттеот на водите во басенот, нарушувањето на биодиверзитетот, варијабилноста на хидролошкиот режим и транспортот на седимент, но и ќе се утврдуваат и активности за реакција и спречување на причините.

Состанокот е организиран и воден од страна на Глобалното партнерство за води – Медитеран кој е егзекутивен спроведуцач на ГЕФ Дримскиот Проект.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток