Магазин

(ВИДЕО) Царовска доби песна: „Ми ла, ми ла, музиката е сила“

Слабите резултати на учениците во земјата покажале дека се неопходни итни реформи во организирање на наставата и содржините за што ќе бидат изготвени нови учебници, а наставниот кадар ќе добие насоки за новото т.н. интегрирано учење. Нацрт-програмата, која ја подготвило Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието и тим од седум професори, ќе биде дадаена на јавна дебата, а се очекува реформите да бидат спроведени во новата учебна 2021 година за учениците од прво и од шесто одделение.

Според најавените реформи  уметничкото образование, ликовно, музичко и физичко и здравствено образование, техничко образование, техника, технологија или информатика ќе се предаваат со флексибилни програми. Но, се чини дека не сите се сложуваат со најавените реформи во образованието. Министерката за образовение, Мила Царовска доби и песна.

Автори на песната се членовите на Здружението на музички педагози. Слушнете во продолжение:

На почеток