(ВИДЕО) ТИК ТОК лудило – радовишанец си се провоза низ плоштад

Не е само Скопје град каде возачите сакаат да се „фалат“ со своите автомобили, со што испраќаат порака дека се „недостижни“ за полицијата. Радовишанец на социјалните мрежи објави видео како влегува на плоштадот со своето „БМВ“.
Ново видео од несовесен возач објавено на ТикТок.
— ВИЌО ИНСПЕКТОР (@VikoInspektor) January 2, 2021
Деновиве соцојлната мрежа ТИК ТОК стана многу актуелна затоа што токму тука се објавуваат видеа од несовесни граѓани. А тие како да се натпреваруваат кој поголема глупост ќе направи.