Свет

Вучиќ откри дека е прислушуван година ипол

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ откри дека е прислушуван година ипол. Тој во интервју за „Курир“ вели дека знае кој стои зад тоа и дека верува дека надлежните органи ќе испитаат се. Вучиќ нагласи дека има докази за своите тврдења – сопствени снимени разговори.

„ Имам докази дека сум бил прислушуван. Имам свои снимени разговори, бидејќи некои луѓе мислеа дека можат да го избришат, да го сокријат. Но, не заборавајте дека кога имате ваква поддршка од народот, има голем број на луѓе кои сакаат искрено и професионално да ја завршат својата работа и нема да се согласат на такви работи. Значи, верувам дека надлежните органи ќе го испитаат тоа и дека, доколку има недвосмислено прекршување на законот, оние што го прекршиле законот ќе одговараат“ изјави Вучиќ во интервју за празничниот број на весникот.

Според Вучиќ, прислушување на претседател на една земја е тешко кривично дело и претставува обид за рушење на уставниот поредок. Како што истакнал во интервјуто, тоа е државен удар, па потребна е темелна истрага и епилог од целата приказна.

 

На почеток