Коментари

Тасевски: До кое дереџе стигна здравствово – Сите мислеа апокалипсата ќе дојде во форма на вулкан, земјотрес, а таа курназ

До кое дереџе стигна здравствово. Луѓе од земјоделска аптека лекови купуваат за корона, апови за диви магариња, коњи и пудлици. Се купуваат и на црно под рака кај Јосип Броз. Од тапкароши.
Човекот полека се расчовечува, напиша на својот Фб профил актерот Сашо Тасевски.

Тасевски во објавата додава:
Вакцините ќе стигнат…. Еден ден. И тоа од Фајзер. Направени по скратена постапка. На две на три, што би рекле старите
Ај нека каже некој дека не блескаме.
Сите мислеа апокалипсата ќе дојде во форма на вулкан, земјотрес, а таа курназ.

На почеток