Македонија

УНЕСКО бара забрана за градба во Охрид, додека плановите не се усогласат со препораките

Заради неусогласеноста на урбанистичките планови со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион УНЕСКО предлага целосно стопирање на издавањето одобренија за градба на подрачјето ставено под заштита што во превод значи дека доколку остане и се спроведе препораката од УНЕСКО ќе мора на одреден период да запре градењето на подрачјето на цел Охрид и околината.

Сите власти во Охрид со години наназад ги игнорираа овие препораки на УНЕСКО и не направија нивна имплементација, па сега процесот полека се приближува кон крајниот исход кој би значел или да се применат препораките и да се усогласат урбанистичките планови со Планот за управување со светско природно и културно наследство за Охридскиот регион или збогување со статусот на заштитено одрачје под УНЕСКО.

Охрид скоро 20 години е своевидно „елдорадо“ за градежните фирми кои во тесна спрега со политичарите го прекрија градот со легално изградени згради со што општа констатација е дека градот урбанистички е девастиран и уништен.

Дибоградбите кои ги има со години се посебна приказна и речиси да нема населба или дел од езерскиот брег кој не е окупиран со дивоградвби, било да се приватни куќи, угостителски објекти или сместувачки капацитети.

News1.mk вчера ексклузивно објави дека властите во земјава го добиле извештајот на УНЕСКО во кој на преку 200 страни се изнесени забелешки и препораки кои земајва ќе мора да ги исполни во целост доколку сака Охрид и Охридско Езеро да останат под заштита на оваа меѓународна организација.

На почеток