Свет

Во Јапонија откриена трета мутација на Ковид-19

Јапонија откри нова мутација на коронавирусот, јавија локалните медиуми. Јапонското Министерство за здравство соопшти дека се спроведуваат студии за ефикасноста на вакцините против новиот, трет тип, што се разликува од многу заразните варијанти на вирусот, откриени за првпат во Велика Британија и во Јужна Африка.

Шефот на Националниот институт за инфективни болести вели дека новиот вид покажа некои сличности со оние што се појавија во Велика Британија и Јужна Африка.

Четири лица кои пристигнале во Токио од Бразил биле заразени со нов вид на корона вирус, соопштија денеска здравствените власти.

Од четворицата, еден маж на четириесет години бил хоспитализиран поради отежнато дишење, жена на триесет години се пожалила на силна болка во грлото и главоболка, тинејџер имал треска, а четвртиот патник, исто така тинејџер, немал никакви симптоми.

На почеток