Актуелно

ВМРО ДПМНЕ: Како тоа директорот на Центарот за лаги во СДСМ, Александар Поповски си ја вработил својата сопруга Сандра во кабинетот во Владата?

Наместо copy – paste лаги, СДСМ и денес не дава одговори за партиските војници кои Заев ги плаќа со државни пари. Во однос на обвинувањата од СДСМ ќе истакнеме две работи: Жално е што партија на власт не разликува државен советник од платен советник, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ  кое е реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение од ВМРО ДПМНЕ додаваат:

Второ, ваквите свои обвинувања ќе треба да ги докажуваат на суд каде многу лесно ќе се разграничи дека се сурова клевета и лага.
Што се однесува до вистината: Како тоа, според кои критериуми и каков оглас директорот на Центарот за лаги на СДСМ, Александар Поповски, си ја вработил својата сопруга Сандра Поповска во кабинетот на премиерот.
Значи сопругот пишува лаги од седиштето на СДСМ, а сопругава штанца лажни вести од Влада.
И сето тоа под покровителство на сатрапот на македонскиот медиуми средношколецот Маријан Забрчанец.
Очекуваме одговор на овие едноставни прашања.

На почеток