fbpx
чет. Јан 21st, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Захариева: Во Северна Македонија постои заблуда дека нешто ќе се промени по изборите во Бугарија

Во Северна Македонија постои заблуда дека нешто ќе се промени по изборите во Бугарија. Ова го изјави вицепремиерката и бугарска министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева во програмата на БТВ, прашана дали соседите од Северна Македонија ги чекаат изборите во Бугарија за да ги решат своите проблеми со започнување преговори за членство во ЕУ.

„Постои заблуда дека нешто посебно ќе се промени. Наместо тоа, ако се промени, може да се влоши за нив“, рече бугарската министерка.

Во врска со посетата на специјалниот претставник на македонската влада, Владо Бучковски, Захариева изјави дека немало ништо тајно на состанокот.

„Ние сме во постојана комуникација со нив. Нема ништо посебно. Станува збор за, тие го нарекуваат план, ајде да го наречеме така, јас се движам според договорот од 20017 година. Минатата година беше нивниот ред да свикаат комисија за спроведување на договорот. Работевме за да имаме идеја како замислуваме заедно да се вратиме и да го надоместиме изгубеното време“, додаде таа.