Актуелно

Изјава на Михаил Арсенов во врска со инцидентот со медицинската сестра

До нашата редакција стигна изјава од Михаил Арсенов, еден од учесниците во инцидентот со директорот на Општа болница Охрид, Горан Балески. Ви ја пренесуваме интегрално во продолжение:

„Во врска со пласираните дезинформации и лаги против мене, сакам да изјавам дека ништо од наведеното не е точно. Јас со лицето Лилјана Димоска подолго бев во љубовна врска и во ниту еден момент од моја страна немаше никакво насилство или семејно насилство врз неа. Истата е полнолетна и доброволно беше во љубовна врска со мене, ниту беше присилувана од моја страна, ниту пак јас вршев притисок врз нејзе.

Во наведениот случај, докторот Балески не знам од какви причини се вмеша во приказната.

Дали после пласираните невистини, докторот сака само да си ја оттргне својата дамка, која сам си ја направи, бидејќи во ниту еден момент истиот не беше замешан меѓу нас.
Јас само сакам да ја кажам вистината како што беше, затоа што од секаде сум преплавен со дезинформации и лоши коментари.

Ова е колку да се спаси доктор Балески за мојата изјава. А за „насилство“ како што наведува тој, дека ја спасил девојкава(јас не сум запознаен со тоа)…нема никакво насилство помеѓу нас. Ако јас бев пријавен за насилство до сега требаше да сум лишен од слобода…И јавно сакам да кажам дека оваа врска со Горан Балески причината му е да ја сврти топката према мене, и да има такво нешто, не треба да се меша кога има надлежни институции.
Не сакам да верувам дека врз вработените во МЦ Охрид се врши некаков притисок во кој јас сум личен сведок, дека за повредите кои ми беа нанесени критичната вечер се’ уште не ми е издаден документ со констатирани повреди, иако инсистирав на тоа.

Оставам и верувам во надлежните органи, дека точно и целосно ќе ја утврдат фактичката состојба, и ќе се стави крај на лажно пласираните вести, а вистинскиот виновник ќе биде изведен пред лицето на правдата.
Не знам дали после оваа моја изјава ќе се продолжи вршењето на притисок од страна на докторот кој после пријавениот настан во полиција од моја страна, цело време ме прати, врши притисок врз персоналот во МЦ Охрид да не ми издадат лекарско уверение и слично.

Се надевам дека институциите ќе ги превземат сите мерки до крај и правилно ќе го расчистат случајот.“

На почеток