fbpx
чет. Јан 21st, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

ГДУ оддаде почит кон ликот и делото на Мара Бунева

Официјална делегација на Граѓанско Демократска Унија на чело со  претседателот на партијата Петар Колев, денеска по повод 93 години од атентатот извршен од големата Бугарка од Македонија Мара Бунева врз
српскиот обвинител во процесот против ММТРО, Велимир Прелиќ оддаде почит кон ликот и делото на храбрата тетовчанка.

Претседателот на партијата Петар Колев и неговите колеги запалија свеќи во чест на Бунева во црквата „Св Димитар“ во центарот на Скопје, а потоа положија свежо цвеќе пред спомен-плочата на големата Мара Бунева.
На 13 јануари 1928 г. припадничката на ВМРО Мара Бунева ја извршува смртната пресуда врз Велимир Прелиќ-главен обвинител во судскиот процес против членови на ММТРО од 1927 г. По извршувањето на смртната казна
Бунева пука во сопствените гради и умира од повредите на следниот ден-14 јануари 1928 г. во Скопје.

Мара Бунева е родена во 1901 г во Тетово и потекнува од револуционерно семејство. Нејзиниот брат Борис Бунев ја внесува во ВМРО по крајот на Првата светска војна.