fbpx
сре. Јан 20th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ВИДЕО) Полицијата апси василичари

И покрај големото полициско обезбедување, Вевчанци не се откажаа од 1450 години старата традиција. Карневалот беше откажан, но секогаш итрите вевчанци за хумор, продефилираа низ улиците на селото.

Инспирација за карневалските маски најчесто е политиката, посебно бурната политичка сцена во С. Македонија, но и светски настани. И годинава вевчанци во краткото време колку што имаа пред карневалот да биде растурен презентираа дел од актуелните настани во земјава и пошироко на комичен начин.

„Сакам да му се заблагодарам лично на министерот за внатрешни работи, што ни испрати толку многу полиција во Вевчани. Толку многу чест досега не сме имале. Денес првпат во Вевчани ќе го презентираме анексот во 12 точки. Донесовме доволно бугарски корени и жица“, вели еден маскиран вевчанец.

Градоначалникот на Вевчани вели дека уште пред три недели најавиле дека ги откажале сите активности.

„Полициски службеници денеска интервенираа во Вевчани поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот односно забраната за групирање на повеќе од четири лица со што се загрозува здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија. Имено, и покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собра во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци. Апелираме до сите граѓани заеднички да придонесеме за спречување на коронавирусот односно за зачувување на здравјето како на жителите на Вевчани, така и на сите граѓани“, истакна Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Акцијата во Вевчани е во тек. детали во текот на денов.