fbpx
вто. Јан 19th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Мицкоски: Кога Владата за своите во Штип е мајка, а за народот во Вевчани маќеа, народе запомни го денот кога пуштија полиција на народ

Кога Владата за своите во Штип е “мајка”, а за народот во Вевчани “маќеа”.
Кога Владата цензурира критика и традиција долга илјадници години, а не спречува роденден на пример во самата Влада, напиша на својот Фб профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски во објавата додава:

Кога самата власт организира избори во Штип и Пласница, а на народот му забранува да организира карневал зошто тој е критика за Владата.
Кога полицијата наместо криминалци, се тера да го брка својот народ…
Народе, добро запамети го овој ден и овие двојни аршини. Прво пораз, а потоа одговорност за сите од власта.