fbpx
чет. Јан 21st, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

ВМРО-ДПМНЕ: Ако немало Анекс на договор зошто СДСМ не испрати демант до Каракачанов кој кажува дека Анекс имa

Ако немало Анекс на договор зошто СДСМ не испрати демант до Каракачанов кој кажува дека Анекс има, СДСМ е главен извор на заразата лажни вести. Најголем извор на лажни вести во Македонија е СДСМ. Очигледно е дека СДСМ и нивниот шеф Зоран Заев стравуваат да ја кажуваат вистината па затоа секојдневно пласираат лажни вести преку нивните соопштенија и прес конференции, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение на истотот од партијата додаваат:

Можеби е време СДСМ и Зоран Заев да излезат и да ја кажат вистината на македонската јавност за сите горчливи прашања што ги засегаат.

СДСМ и Зоран Заев залудно се обидуваат да го сокријат Анексот кој им е врачен од Бугарија. Анекс со 12 точки е доставен до оваа ненародна влада во кој се бара ревидирање на историјата, промена на образовниот систем и идентитетските прашања. Овој Анекс власта на Заев веќе го преговара, што покажува дека Заев и СДСМ веќе тргуваат со историјата и идентитетот.

СДСМ и Зоран Заев залудно се обидуваат да ја сокријат сиромаштијата во Македонија, бројките секој ден ги демантираат. Поради „успешната“ политика на оваа влада има над 50.000 невработени лица, над 500.000 сиромашни граѓани кои го поминуваат денот со едвај 130 денари.

СДСМ и Зоран Заев залудно се обидуваат да ја сокријат неспособноста со справување со КОВИД-19. Регионот започна со вакцинација, а Филипче  се уште не знае точно кога во Македонија ќе пристигнат вакцините за да започне процесот на вакцинација.

Лажните вести на СДСМ брзо се демантираат.