Првиот човек на новиот состав на Државната изборна комисија Александар Даштевски денеска негираше дека на функцијата е избран поради блискоста со опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
-Самиот Закон вели дека треба да ги правиме после работите стручно и професионално, така што тука завршуваат партиската помош. Може да се каже дека сум јас најнепартиски, ниту сум член во тело на некоја партија, така што тоа е само за изборот. Веројатно верувале дека можам да сработам добро и поради тоа се одлучиле за мене – изјави Даштевски.
Членовите на ДИК дадоа свечени изјави во Собранието, по што Даштевски најави дека в понеделник ќе се соберат на прва седница и ќе го договорат начинот на работа во наредниот период.
Првиот предизвик на новиот состав на комисијата е организирање на локалните избори што треба да се одржат наесен.