Срцев удар најверојатно е причината за угинувањето на жирафата Тобого, која во Зоолошка градина во Скопје живееше од ноември 2013 година.
Според првичните проценки не биле констатирани физички повреди на животното. Се чекаат резултатите од крвната анализа, по што, точно ќе се знае од што угинала жирафата.
Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите. Телото на Тобого ќе биде погребано во дворот на Зоолошката градина.