fbpx
саб. Фев 27th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Арсенов ги повлекува сите обвинувања кои ги упатуваше до директорот д-р Балевски

Предмалку до нашата редакција стигна писмена реакција од Михаил Арсенов, во која Арсенов ги повлекува сите обвинувања кои ги упатуваше до директорот на општата болница, д-р Горан Балески.  Арсенов целата вина за ситуацијата ја префрла на медицинската сестра. Изјавата на Арсенов ја пренесуваме во целост:

-Јас Михаил Арсенов сакам да изјавам дека поради Лилјана Димоска која не вмеса во оваа работа со доктор Горан Балески јас бев изреволтиран и во случајов не е крив воопшто бидејки многу убаво изигра Лилјана Димоска со нас двајца кои сме имале многу убав соживот.

Доктор Горан Балески е хуман човек и човек на место. Нашите две стариградски фамилии не заслужуваат вакви негативни квалификации ни стресови, кои им ги предизвикав, посебно што провокацијата беше произлезена од минорна особа Лилјана Димоска која не заслужува ни името да и го споменувам, а камоли да ги повредам нашите две прекрасни семејства од кои со генерации сме зивееле и ќе живееме!
И ставам крај на оваа Сценарио..
Со поцит, Михаил Арсенов