Македонија

Каракачанов: Македонија е најтрагичниот дел од бугарската историја

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов одново повтори дека темата Македонија била од стратешки интерес во Бугарија.Во своето последно интервју за Бугарската национална телевизија вели дека договорите се потпишуваат за да бидат исполнети. За жал, во Скопје мислеа дека потпишуваат договор, но можеби нема да го исполнат.

– Таму и до денес, и покрај сите перипетии на времето, и покрај теророт што беше наметнат по 44-та година во Титова Југославија, сè уште има многу луѓе кои се нарекуваат Бугари. Имаме морал и историска должност кон овие луѓе – вели Каракачанов во интервјуто на БНТ.

Каракачанов беше категоричен дека Бугарија не ја затворила вратата, но дека не треба да ја коригираат нивната политика. Според него, решавањето на отворените прашања со Македонија е од стратешко значење.

– Како што велеше претседателот Петар Стојанов, ова е најромантичниот, но јас би додал и најтрагичниот дел од нашата историја. Не можеме да се согласиме со она што се случува во Република Северна Македонија и никакви избори не се причина за тоа. – вели Красимир Каракачанов за БНТ.

На почеток