Свет

(ВИДЕО) 25-годишен Србин застрелан додека си го шетал кучето, во полусвесна состојба се уште го држел поводникот на миленикот

25-годишниот Милан Лончар, државјанин на Србија, е убиен во филаделфиската населба Бреверитаун додека си го шетал кучето, а убиството е регистрирано на уличните камери, кои убаво успеале да ги снимат двајцата напаѓачи. Полицијата од Филаделфија соопшти дека доколку некој ги идентификува по облеката, патиките, амблемите на јакните, ќе следува парична награда од 20.000 долари.

Убииството се случило точно во 19 часот по локално време во улицата Џеферсон, а на видеото се гледа како две момчиња со качулки на главите и заштитни маски му приоѓаат со цел да го ограбат.

Ејми Лонзбери, мајка на Милан Лончар,  на својот Фејсбук профил објави голем број семејни фотографии во знак на сеќавање на трагично настраданиот син.

На фотографите се забележани разни семејни собирања и моменти кои насмеани ги поминувале заедно. Една од најемотивните е секако фотографијата од Милан и неговата сестра Јелена од детските денови.

На почеток