Македонија

Мицкоски на повеќе дипломатски средби со Орбан, Јанша и други политичари од Европа и регионот

Од утре претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, како и потпретседателот Александар Николоски, во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со повеќе политичари од регионот и Европа во рамките на пријателските односи со повеќе сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ од семејството на Европската Народна Партија.

Претседателот Мицкоски ќе оствари средба со претседателот на Фидес, а воедно и премиер на Унгарија г. Виктор Орбан. Тоа е партијата од која потекнува и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Потоа ќе оствари средба во Љубљана и со премиерот на Република Словенија и претседател на Словенечката Демократска Партија Јанез Јанша. Ова е особено значајно за европските интеграции ако се знае дека Словенија е идната земја која ќе го преземе претседавањето со ЕУ.

Воедно во неколкудневната дипломатска активност лидерот на ВМРО ДПМНЕ ќе оствари средби и со претставници на хрватската владејачка партија ХДЗ.

Средбите ќе бидат искористени за активно лобирање за државните интереси на Македонија пред се одблокирање на патот кон Европската Унија кој е блокиран со ветото од источниот сосед, застојот кој го има земјава во однос на реформите. Средбите ќе бидат насочени и кон градење на мостови на регионална соработка на ВМРО-ДПМНЕ, како и разгледување на можностите за идна економска соработка и отворање на можностите за привлекување на инвестиции и размена на знаења со цел економско зајакнување на земјава во периодот на силната економска криза и рецесија.

На почеток