Коментари

„Е вака се умира од коронавирус“, уредничката на СДК брутално искрен статус

Кога си болен од коронавирус и си стар или сиромашен и живееш сам и немаш никого, шансите да преживееш ти зависат од: да си при свест ако ти е лошо и да се јавиш на матичен или на брза помош, да имаш среќа да дојде амбулантна кола и да те однесе во ургентен центар и да те задржат на болничко лекување, пишува на својот ФБ профи уредничката на СДК, Марина Костова.

Костова во објавата додава:

Ако те пуштат дома после прегледот оти си за домашно лекување, треба САМ да бараш клексан и ивермектин низ аптеките низ цел град. Клексан нема никаде, ивермектин се истрошува веднаш по прием и никој не може да ти каже кога ќе има. (значи, по лек треба да одиш сам, или пешки или со автобус или со такси, иако си БОЛЕН).
и да имаш минимум 50 евра да купиш витаминска терапија.

Ете така се умира од коронавирус.

Еве и да дополнам: Ако имате стари родители кои живеат сами, јавувајте им се секојдневно повеќепати на ден. А и секој треба да има бекап план за себе – кому да се јавиш во случај на нужда.

На почеток