Магазин

(ВИДЕО) Ново изненадување од јапонецот Казухиро Котецу, по „Македонско девојче“ ја изведе и „Ако умрам ил загинам“

По изненадувањето кое ни го приреди јапонски оперски пејач Казухиро Котецу со песната „Македонско девојче“, на самиот ден од дочекот на Новата 2021 год, денеска не воодушевува со уште една негова изведба. Овој пат тој ја отпеа „Ако умрам ил загинам“ од легендарниот Јонче Христовски.

Инаку јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, за пријателскиот народ од Македонија ја изведе песната „Македонско девојче“.

Неговиот голем пријател македонскиот тенор Благој Нацоски вели дека Казухиро песните ги снима во Токио и дека тој е голем пријател на Македонија.

На почеток