Свет

(ВИДЕО) Инцидент во Албанија: Работник со лопата удирал 80-годишен поп по глава

Инцидент во албанскиот град Лежа во кој  градежен работник физички го нападнал локалниот православен свештеник Кочо Капедани (80).

Освен на социјалните мрежи видео запис и фотографии од инцидентот пренесуваат и албанските медуми, кои додават дека по вербална расправија изнервиран работник со лопата го удира стариот свештеник по грбот и главата.

-Бев дома. Багерот дојде и јас се спуштив долу од куќата. Му реков на работникот да не удираат силно бидејќи се оштетени sидовите од мојата куќа. Работникот лопатата ја имаше во раката, а јас го имав стапот со кој слегував по скалите. Ме фати за рака и ме удри. Паднав во несвест. Потоа дојде полицијата и потоа не придружуваше до полициската станица. Полицијата не зазеде правилен став. Револтиран сум. Ми рекоа: прости му, изјавил Капедани за медиумите.

Претставник на Православната црква во Лежа, најавил дека, попот Капедани покрај тоа што го тужи насилникот, ќе поднесе обвинение и против полицијата од овој албански град, бидејќи наместо да го санкционира насилникот, полицајците се обидела да го натераат да му прости.

На почеток