Актуелно

Мицкоски: За многу години Богојавление, мир и радост во срцата и душите на сите верници, и успех и среќа во домовите

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам денешниот празник Богојавление – Водици на сите верници кои го слават. На Богојавление е спознаена светата тајна крштевање, кога Исус Христос е крстен во водите на реката Јордан, од страна на СВ. Јован. Тоа ја симболизира надежта и извесноста на спасението, се вели во честитката до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан, од претседалот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во честитката се додава:

Во овие тешки мигови за нашата земја и народ потребно е сплотеност, но и давање на надеж на секој еден човек дека може поинаку, мора подобро. Дека оваа земја е способна за големи победи и дека треба да се стави крај на неспособноста, нестручноста и тонењето надоле. Потребен е општествено рестартирање и обединување на сите прогресивни сили за обезбедување на сонот на подобра Македонија. Тоа е можно и тоа зависи од секој нас.

Уште еднаш за многу години Богојавление, мир и радост во срцата и душите на сите верници, и успех и среќа во домовите.

Бог се јави!

На почеток