Македонија

Левица: Од аудио снимката објавена вчера јасно можат да се слушнат зборовите на Заев, кои што ја негираат СЕТА клевета кон Левица

После аудио снимката од разговорот помеѓу Александар Верушевски и Зоран Заев, материјал кој вчера интегрално беше објавен на јутјуб каналот, никој повеќе не се сомнева во бескрупулозноста, лицемерието, хроничната склоност кон лажење и користољубие, подмуклоста, корумпираноста, а дури и сериозниот – до граница на загрижувачки недостаток на капацитет за интелигенција на Зоран Заев, како лидер на владејачката партија. Оттука, од оваа перспектива, воопшто и не изненадуваат катастрофалните резултати од досегашното владеење на оваа дружина на криминалци и нивните подлизурковци како спој на најлошото од груевизмот и заевизмот, се вели во соопштението од Левица.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Коалицијата помеѓу најголемиот криминалец од времето на груевизмот, Сашо Мијалков и премиерот Заев, безброј пати се има потврдено во реалноста од досегашното владеење на СДСМ. Но сега, во содржината на аудио материјалот, недвосмислено се потврдува дека овие две криминални клики во меѓусебниот политички пазар како средство за размена ги користеле, и се’ уште ги користат: правдата, довербата на народот, како и националните интереси на државата – коалиција која е за нивна лична корист, а на огромна штета на македонскиот народ и неговата иднина.

Меѓу другото, од аудио снимката јасно можат да се слушнат зборовите на челникот на СДСМ Зоран Заев, кои што ја негираат СЕТА клевета кон Левица, која неговите „шарени – и шути и рогати“ продуцирајќи ја скоро на дневна основа понатаму ја шират преку владините медиуми и на тој начин ја контаминираат и манипулираат јавноста. На Заев, а и на сета владејачка елита, треба да им е јасно дека, како и досега така и во иднина, сите обиди за компромитирање на Левица ќе бидат јалови.

Покрај ова, аудио снимката изобилува со информации од кои треба да се алармираат сите институции на државата, а особено МВР и јавното обвинителство. Покрај признанија за влијание во судството, од аудио снимката дознаваме и дека Зоран Заев поседува многу повеќе снимен материјал од оној кој во јавноста селективно го пласираше СДСМ и токму необјавените снимки се’ уште се користат за рекет и уцени кон политичките противници Од разговорот помеѓу Заев и Верушевски, произлегуваат сериозни индиции дека необјавениот снимен материјал кој го поседува Зоран Заев содржи бројни траги од криминални дејствија на бизнис-политичката и религиско-клерската естрада која хара низ државава.

На почеток