fbpx
чет. Мар 4th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Џо Бајден положи заклетва, стана 46 ти претседател на САД

Со раката положена врз 127 години стара Библија што ја држеше неговата сопруга Џил,а пред претседателот на Врховниот суд на САД, новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска положи заклетва на церемонијата на инаугурација на скалите пред Капитол Хил, во Вашингтон, со што стана 46-от претседател на САД.

Церемонијата на инаугурција ја отвори сенаторката Ејми Клобучар која во инспиративниот говор наведе дека „ова е денот кога нашата демократија ќе се врати и кога Америка ќе се врати. Денес ја славиме првата потпретседателка Камала Харис. Денес се е можно”, рече сенаторката Клобучар, која го најави следниот говорник, како што кажа, нејзиниот драг колега сенатарот Рој Блант.

Американската химна ја испеа Лејди Гага, инаку, блиска пријателка на новиот претседател на САД.

Денешната церемонија следеше по хаотичниот изборен процес во земјата, која е сериозно поделена од неоснованите обвинувања од досегашниот претседател Доналд Трамп за изборни измами.