Свет

Трамп пред да замине на Флорида со нуклеарниот куфер, до Бајден оставил писмо

Претседателот Доналд Трамп ги избегна повеќето традиционални потези што претседателот ги исполнува за инаугурацијата на неговиот наследник, освен еден, тој оставил писмо до Бајден. Портпаролот на Белата куќа, Џед Дир, потврди дека Трамп оставил порака за неговиот наследник.

Претседателите обично оставаат белешка со честитки и поддршка во овалната канцеларија, но некои се прашуваа дали Трамп ќе го стори тоа, со оглед на тоа што не сакаше да ја признае победата на Бајден.

Белата куќа не ја објави содржината на белешката на Трамп. „Тоа е писмо помеѓу 45. и 46. претседател “, рече Дир.

Инаку екс претседателот на САД Доналд Трамп денес не  присуствуваше на инаугурацијата на Џо Бајден, поради што неговото отсуство ќе има влијание врз еден од најважните детали за денот на инаугурацијата – предавањето на нуклеарниот куфер на новиот шеф на Белата куќа.

Официјално, нема објаснување за тоа како Трамп ќе го предаде нуклеарниот куфер на Бајден, кој му служи на американскиот претседател за да може да лансира нуклеарни ракети во секое време, а го носи воен соработник, кој мора да биде со претседателот нон-стоп.

Обично, куферот се предаваше на друг помошник кој стоеше покрај новоизбраниот претседател на инаугурацијата, во овој случај Бајден, додека дава заклетва.

Кодовите за активирање на куферот на Трамп ќе важат до 11.59 часот по локално време, по што ќе бидат исклучени.

На почеток