Македонија

МРТВ со загуба од 8,5 милиони евра и со директор од времето на Груевски

Македонската радиотелевизија ја завршила 2019 година со загуба од 8,5 милиони евра, а претходната 2018 година со загуба од 420 илјади евра, според Годишниот извештај за работењето на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија за 2019 година, кој неделава беше на дневен ред на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, заедно со финансиските планови за 2020 и 2021 година, објави СДК.МК.

Генерален директор на МРТВ уште од 2012 година е Марјан Цветковски. Последен пат беше реизбран во февруари 2018 година со мандат од три години, кој му истекува следниот месец.

САКАМДАКАЖАМ.МК праша во Собранието до каде е процедурата со изборот на нови членови на Програмскиот совет на МРТВ, но не доби одговор.

Во државниот Буџет за 2021 година за радиодифузна дејност, ставка од која најголем дел оди за финансирање на МРТВ, се предвидени 14,6 милиони евра. Во 2020 година, оваа ставка изнесуваше 19,5 милиони евра.

 

Текстот во целост на:  СДК.МК.

На почеток