Свет

САД се враќаат во Парискиот климатски договор, Бајден потпиша извршна уредба

Претседателот на САД, Џо Бајден, потпиша извршна уредба со која започна процесот на враќање на Соединетите држави во Парискиот климатски договор, со што е укинат еден од клучните потези на неговиот претходник Доналд Трамп.

Набргу откако положи заклетва како 46-ти американски претседател, Бајден потпиша серија декрети со кои се укинаа климатските политики на Трамп кој долго време се спротивставуваше на глобалниот договор за климата потпишан од скоро сите земји во светот, а во ноември 2020 година, САД и официјално се повлекоа од пактот.

Во исто време, одлуката на САД означи големо намалување на американското финансирање за посиромашните земји за да им помогне да ги надминат ефектите од климатските промени.

На неговиот прв ден на функцијата, Бајден, исто така, потпиша и указ со кој се бара преиспитување на сите одлуки на Трамп за ублажување на мерките за заштита на животната средина.

На почеток