fbpx
пет. Фев 26th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ВИДЕО) Пожар во најголемиот светски производител на вакцини, има мртви

Пожар избувнал во еден од производствените погони, на најголемиот светски производител на вакцини Институтот Серум во Индија.

Од зградата се спасени тројца, а причината за пожарот уште не се знае, Според најновите информации, како што пренесува Тајмс оф Индија, загинале пет луѓе.

Пожарот не го зафатил делот каде се произведуваат вакцините против Ковид-19.

Индискиот институт за серум е најгоелм производител на вакцини во светот. Планира да произведе милијарда дози вакцина против Ковид-19 оваа година.

Во овој Институт во Индија во моментов масовно се прозиведува вакцината против корона од компанијата „Astra zeneka“.

фото:  Firstpost