Свет

Британскиот вид на Коронавирус пристигна во Србија, вели Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека британскиот вид на Корона вирус пристигнал во Србија. Вучиќ, како гостин на ТВ Прва, рече дека министерот за здравство, Златибор Лончар, го информирал за ова утрово.

Вучиќ рече дека новиот вид на вирус го плаши поради големиот број заболени од тој вид во Велика Британија, но рече дека засега нема простор за паника, бидејќи биле изолирани сите контакти со кои бил патникот од Лондон.

Според Вучиќ патникот бил тестиран по влегувањето во земјата и дека таа имала благи симптоми, додека нејзиниот сопруг има потешки симптоми.

„Иако кај нас се појави нов вид на вирус, засега нема да има „брави“ што постојат во Германија, Велика Британија, Франција поради новиот вид“, истакна Вучиќ.

На почеток