Македонија

Епидемиолог Марковски: Дали планетата земја е пренаселена

Во позадина на случувањата во последниве неколку години се наметнува тезата дека планетата е пренаселена и дека визионерски треба да се преземат мерки за спас на мајката Земја. Не ретко поединци јавно подржуваат теории за депопулација. Телевизиски куќи во позадина на важни известувања (избори во некоја држава, КОВИД-19 извештаи, глобални теми…) даваат слики од аеродроми и плоштади полни со луѓе кои личат на мравјалници. Во подсвеста се вметнува дека сме многу, земјата неможе да не издржи???Дали е навистина така?Какви се предвидувањата на науката за следните сто или двеста години. Колку луѓе ќе живеат на планетава.Ако се погледнат неколку релевантни извори (Обединети нации, Ворлд метер, научни списанија, СЗО) растот на населението во светот полека стагнира. Според ОН во 2030 година ќе не има 8,5 милјарди, во 2050 9,7 и во 2100 година 10, 9 милјарди луѓе, напиша на својот ФБ профил Еминентниот епидемиолог Вело Марковски.

Марковски во објавата додава:

Драматични промени ќе има во одредени континенти и држави. Азија моменатлно најнаселениот регион за сто години останува приближно исто населена (4,6 милјарди во 2019 година споредено со 4,7 милјарди. Кина со 1,4 милјарди сега се намалува скоро за половина, предвидувањата се дека во 2100 година во Кина ќе живеат околу 732 милиони. Најголемиот раст ќе биде во Африка од сегашни 1,308 миларди се зголемува на 4.280 милјарди односно за фантастични 3 милјарди повеќе (Нигерија од 206 расте на 791 милион, Египет од 96 на 199 милиони). Северна Америка со огромната територија ќе се зголеми од 366 на 490 милиони луѓе. Но, Европа ќе има намалување на популацијата од околу 80 милиони луѓе (секоја година Европа ќе се намалува за по 1 милион жители). Покрај Кина, драматично намалување ќе има во Русија која од 146 милиони ќе се намали на 106 милиони жители. Јапонија ќе се соочи со најсериозното намалување на популација, па од 128 милиони ќе се намалат на 40 милиони во 2050 година за да пораснат на околу 60 милиони во 2100 година. Македонија ќе се намали за 10 % и ќе бидеме околу 1,8 милиони, а во соседството Србија има предвидено намалување на околу 20 %. Ако се анализира густината на населението се доаѓа до податок дека во Северна Америка и покрај растот ќе живеат 32 луѓе на километар квадратен, Кина ќе биде со околу 72 жители на километра квадратен.

За споредба сега во Македонија живеат 82 луѓе на километар квадратен. Соседна Бугарија е со 66, Србија 107 жители на километар квадратен. Русија сега е со 8, а за 80 години ќе биде со 5 луѓе на километар квадратен (1.000.000 метри квадратни). Дали ова личи на пренаселеност. Ако се земе дека во едно семејство има 4-5 луѓе, значи за семјство во Русија има по еден милион квадратни метри, во Македонија по околу 70.000 метри квадратни за семејство.

Ако се анализираат пресметките на ИХМЕ (Institute for Health Metrics and Evaluation) објавени во престижното списание Ланцет, треба да бидеме загрижени бидејќи според нив врвот на светската популација ќе биде во 2064 година со 9,7 милјрди луѓе, а до 2100 година ќе падне на 8,8 милјарди. Ако се земе во предвид дека главниот пораст ќе биде во Африка, со загрижување треба да се соочиме со фактот дека во останиот дел од светот ќе има значително намалување на населението од околу 2 милјарди луѓе, пишува во својата објава на ФБ епидемиологот Вело Марковски.

На почеток