fbpx
саб. Мар 6th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ВИДЕО) Низ солзи, жртва на „Јавна соба“ сведочи за грозоморните чинови

Девојка од Кавадарци на својот профил на Инстаграм објави видео преку кое го сподели своето искуство со „Јавна соба“. Таа со солзи во очите раскажува како нејзина фотографија била злоупотребена, но нава и поддршка со сите жртви на „Јавна соба“.

„Почнав да добивам пораки и повици на мојот мобилен, на Вајбер, на Ватсап, на Месинџер и на Инстаграм. Не знаев што се случува и од каде доаѓа тоа. Се додека наредниот ден не добив скриншот од мојата слика, зашто таа слика не само што беше објавена во „Јавна соба“, туку е препраќана и на други места, сведочи Ана.