Македонија

Бонева тврди дека нејзини политички неистомисленици поттикнувале омраза и злоба против неа со лаги во јавноста за сама да побра да ја осудат

Поранешната пратеничка на ВМРО ДПМНЕ, Силвана Бонева денес имала воведен говор пред судот во врска со обвинението на СЈО против неа. Таа со јавноста сподели дел од говорот, во кој тврди дека обвинението против неа е невистиното, објави Фокус. 

-Бев јавно линчувана со години, со конструираните големи лаги дека сум била рекордер во земањето на патни трошоци, потоа дека со криминални пари сум купила станови, со лагите дека сум стекнала фирми како СИЛБО, ЖИКОЛ, катна гаража во Прилеп, казино во Гевгелија, плантажи во Валандово и Дојран и многу други лаги, дури измислија и дека сум имала секс скандал, за сега да ми стават на грб и криминално дејание што не сум го направила – е дел од говорот на Бонева во кој покрај другото тврди дека нејзини политички неистомисленици намерно поттикнувале омраза и злоба против неа со лаги во јавноста, за да ја заслепат и сама да побара да ја осудат.

Текстот во целост на: Фокус. 

фото: Agjencia Zhurnal.mk

 

На почеток