Македонија

Џафери: Пописот не е и не смее да биде политичка операција

Пописот не е и не смее да биде политичка операција, истакна претседателот на Собранието, Талат Џафери, во обраќање на работната средба организирана од Државниот завод за статистика.

„Не сакам да навлегувам во дискусија во однос на различните толкувања во однос на тоа дали кај нас, оваа најмасовна, најобемна и најскапа статистичка операција која насекаде во демократски развиените земји е само тоа, статистичка операција, без никаква друга позадина, кај нас се гледа од една поинаква призма, политичка. Дали е тоа така, зошто е тоа така, што доведе до тоа да во нашата земја, секоја постапка, секоја иницијатива, секоја вообичаена законска обврска се гледа низ политичкиот објектив, мислам дека нема да биде воопшто продуктивно и целисходно да зборувам сега за тоа. Затоа што за правата и обврските имаме Устав, имаме важечки закони, имаме ратификувани меѓународни декларации. И затоа, во едно сум убеден и на тоа ќе инсистирам, пописот не е и не смее да биде политичка операција“, рече Џафери.

Тој кажа дека резултатите од пописот ќе бидат одлична основа за донесување закони и развојни политики засновани врз прецизни податоци кои ќе бидат од директна полза на граѓаните.

Според него, пописот ќе овозможи рамномерно распоредување на јавните здравствени установи, училишните, спортските и културни центри.

фото: Архива

На почеток