fbpx
саб. Мар 6th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Денеска починати 10 лица и нови 449 случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.283 тестирања, а регистрирани се 449 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 170, Прилеп – 55, Кавадарци – 35, Гевгелија – 23, Тетово – 19, Охрид и Куманово – по 17, Битола и Неготино – по 16, Велес – 10, Струга – 8, Струмица и Ресен – по 7, Гостивар – 6, Штип, Делчево и Богданци – по 5, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 4, Пробиштип и Демир Капија – по 3, Кичево, Дебар, Валандово и Крушево – по 2, Кочани и Радовиш – по 1.

Регистрирани се 227 оздравени пациенти од: Скопје – 102, Куманово – 41, Прилеп – 17, Кавадарци – 14, Тетово и Велес – по 8, Штип – 6, Гостивар и Кочани – по 5, Битола и Струмица – по 4, Гевгелија, Неготино, Ресен и Крушево – по 2, Дебар, Пробиштип, Виница, Дојран и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се вкупно 10 починати лица.
Починати се 3 пациенти од Скопје (83г, 79г, 65г), по еден од Тетово (72г), Куманово (71г), Прилеп (79г), Велес (84г), Охрид (58г), Кавадарци (65г) и Делчево (75г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Направени се 3.283 тестови преку: ИЈЗ-591, ЦЈЗ Скопје-66, Авицена-312, Биотек-207, Жан Митрев (Филип Втори)-158, Систина-232, Лаор–411, МАНУ-0, Судска медицина-7, ЦЈЗ Битола-140, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-191, Ремедика-23, ИБЗД Козле-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 932, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-3, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 500.551 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.031, бројката на оздравени пациенти е 89.249, на починати е 3.047, а бројот на активни случаи изнесува 6.735.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 43233, активни 2952
Куманово 5445, активни 214
Тетово 5338, активни 236
Прилеп 5082, активни 474
Гостивар 3723, активни 115
Штип 3602, активни 95
Битола 3357, активни 133
Велес 3349, активни 238
Охрид 3118, активни 392
Кавадарци 3090, активни 466
Струмица 2657, активни 155
Струга 2351, активни 173
Кочани 1782, активни 47
Кичево 1757, активни 62
Свети Николе 1100, активни 24
Гевгелија 1123, активни 132
Неготино 1102, активни 123
Дебар 787, активни 43
Ресен 791, активни 64
Крива Паланка 784 , активни 54
Радовиш 742, активни 40
Делчево 720, активни 230
Берово 634, активни 32
Пробиштип 529, активни 22
Виница 508, активни 21
Валандово 351, активни 23
Кратово 265, активни 34
Демир Хисар 257, активни 12
Македонски Брод 251, активни 7
Крушево 252, активни 51
Богданци 245, активни 21
Демир Капија 234, активни 33
Македонска Каменица 193, активни 5
Пехчево 184, активни 3
Дојран 95, активни 9

 

фото: Архива