Свет

Балашевиќ беше погребан денеска на Градските гробишта во Нови Сад, со звуците на „Оливера“

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ беше погребан денеска на Градските гробишта во Нови Сад во кругот на семејството и најблиските пријатели. До вечното почивање го придружуваа тамбураши со неговата омилена песна „Оливера“.

Синот на Балашевиќ, Алекс, пристигнал прв на гробиштата, а сите влезови на Градските гробишта биле затворени.

Сакајќи да се простат од ненадејно починатиот најстар член, семејството ангажирало приватно обезбедување, кое ги затворило сите влезови на гробиштата.

фото: Архива

На почеток