Скопје

Обвинетиот Нинџа откри многу детали за настаните од 27 ми април

Вработен во УБК ги уништи хард дисковите од камерите, а Бошкоски ги фрли во Вардар, откри Нинџа на денешното рочиште. Тој појасна дека ноќта на 27 април се упатил во база на Петтата управа на МВР. 45 минути по 22 часот, според исказот на Нинџа, Бошкоски му кажал дека ќе го земе некој инспектор. Локацијата на базата обвинетиот не ја кажа, но откри дека кога стасал таму, зад капијата го чекале Никола Бошкоски, тогашен началник на УБК и Сашо Марковски, исто така вработен во УБК. Пред судот обвинетиот откри дека причината зошто биле таму било уништувањето на хард дисковите од безбедносните камери во Собранието.
„Разбрав дека се одземени хард дисковите од безбедносните камери во Собранието. Имаше работилница која беше за потребите на службата. Бошкоски му се јави на Владимир Атанасовски, кој, пак, му даде наредба да се уништат хард дисковите. Беа црни, отприлика 20х20. Сашо Марковски ги стави на преса и почна да ги уништува. Иако веќе беа скршени тој со ножици за метал продолжи да ги сече“, рече во својот исказ обвинетиот Нинџа.
Тој додде дека цела кеса со уништените хард дискови биле фрлени во Вардар кај Ќерамидница.
Нинџа уште додаде дека тука Бошкоски му појаснил дека Марковски уништувањето на хард дисковите го направил со хируршки ракавици и дека откако ги уништиле нема да има докази за нивните движења во Собранието. Својот исказ за 27 април обвинетиот Нинџа го заврши со тоа дека 45 минути по полноќ заминал дома.
Обвинетиот откри дека ден по настаните во Собранието, по наредба на Бошкоски требало да бидат избришани сите камери од „сејф сити“ (проектот за побезбеден град во кој МВР постави камери низ Скопје). Периодот во кој бил во бегство Нинџа го оправда со тоа што рече дека имал притисоци од Горан Грујевски. Собрал храброст да се предаде на полицијата во консултација со неговите адвокати.
Покрај за настаните на 27 ми април , Нинџа како што кажа добил прекар „Самурај“ но и да следи одредени личности.
Василевски рече дека ги следел Зоран Заев, Оливер Спасовски кој во време на техничката влада беше министер за внатрешни работи, Зоран Верушевски и Алберт Муслиу во чиј дом биле поставени и камери од тајната полиција. Камерите биле поставени кога немало никој дома. Нинџа му реферирал лично на Грујевски, а по смената на Грујевски, соработувал со новиот шеф на Петтата управа, Никола Бошковски.
Сега на барање на барање на Нинџа, пред судот ќе сведочи екс директорот Владимир Атанасовски кој е спроведен од притвор.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток