fbpx
чет. Мар 4th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Бараме повлекување на точката за преименување на улици, денес блокада на булеварот Трајковски во знак на револт

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бара повлекување на точката за преименување на улици во градот Скопје што на утрешната седница на советот ќе се најде на дневниот ред.

Не е почитувана процедурата за менување на имињата. Не е одржана јавна расправа во која ќе бидат консултирани релевантни авторитети и институции за адекватноста на самите имиња. Спроведена е само анкета која нема никаква релевантност во целиот процес.

Шилегов со предлозите за менување на имињата на улиците прави идентитетско обезличување на Скопје и скопјани. Меѓу имињата кои ќе се сменат се Теодосиј Гологанов, Борис Сарафов, Мајка Тереза, Христо Батанџиев, Киро Глиглоров, Борис Трајковски…
Во организација на Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од 13 до 14:30 часот ќе се блокира булеварот Борис Трајковски во знак на протест против преименувањето на улиците, велат во соопѓтението од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

фото: Архива