Македонија

Заев: Одлуката на ЛДП е легитимна, но коаклицијата е повредена

Премиерот Зоран Заев за одлуката на ЛДП во која  соопштија дека ќе има самостоен настап во Парламентот и јавноста, рече дека тоа е легитимно право, но коаклицијата е повредена и тој нивниот потег го доживува како удар врз СДСМ.

„Право на ЛДП е да ги носи одлуките за нивното однесување во парламентот. Ние вчера искомунициравме преку генералниот секретар на СДСМ и кажавме дека ова што го правии ЛДП е удар врз СДСМ. Можеа да почекаат петнаесетина дена, не мораше да го прават сега. Ова ние го чувствуваме како повредување на коалицијата. Во околности кога опозицијата тврди дека може да формира мнозинство, а власта тврди дека тоа апсолутно не е возможно, ваквиот исчекор од страна на ЛДП апсолутно е испраќање на јасна порака којашто е повредување на коалицискиот или заедничкиот настап“, истакна Заев.

фото: Архива

 

На почеток