Македонија

Распишана и меѓународна потерница за Сашо Мијалков

Распишана меѓународна потерница за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалкоив, кому судот вчера му одреди мерка куќен притвор пред пресудата за „Таргет-Тврдина“.

„Од страна на надлежното Министерство за внатрешни работи до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, претпладнево е поднесено барање за согласност од судот за распишување меѓународна потерница за обвинетиот, на кој во текот на вчерашниот ден му беше определена мерка куќен притвор со 24 часовен надзор по негово пронаоѓање, односно лишување од слобода. Кривичниот совет веднаш по приемот на барањето има донесено решение за согласност за распишување меѓународна потерница од страна на МВР и истото е доставено до барателот“, се наведува во соопштението од судот.

фото: The world news platform

На почеток