fbpx
чет. Мар 4th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Приведен охриѓанец кој пред два дена избегал од струшкиот затвор

Затвореник, кој во саботата избегал од Струшкиот затвор, приведен е синоќа на плоштадот во Охрид, соопшти СВР Охрид.

-На плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, синоќа во 19 часот, приведен и од слобода е лишен 46 годишен охриѓанец, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Лицето, додаде тој, е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор- Струга, од каде избегал на 20 февруари во 23 часот.

фото: Архива